Што се случува со Новак Ѓоковиќ!? Тој во период од неполна една година по четврти пат доаѓа во приватна посета на Босна и Сараево, а целта на тие посети е неговото одење во популарните босански пирамиди каде се дружи со контроверзниот Семир Османагиќ.

Дали навистина тие босански пирамиди кријат некаква древна тајна или располагаат со некоја скриена енергија која му помага на Ѓоковиќ? За тоа прв пат проговори неговиот поранешен тренер, Борис Бекер кој за време на турнирот во Ролан Гарос кажа дека Ѓоковиќ верува во таа енергија која ја добива од пирамидите.

За воља на вистината, иако тоа може да е чиста коинциденција, по секоја посета на Ѓоковиќ на пирамидите во Високо тој ги освојуваше најголемите турнири во светот.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во петокот пристигна во Сараево, а веднаш попладнето се упати кон центарот на градот, а потоа и кон Високо во нова посета на „пирамидите“.

Ова е четврта посета на Ѓоковиќ во главниот град на БиХ. За првпат беше во Сараево во јуни минатата година со своите родители, неколку дена откако го прележа коронавирус, а вториот пат дојде во октомври минатата година со сопругата Јелена, по поразот во финалето на Ролан Гарос од Рафаел Надал.

Ѓоковиќ трет пат дојде во Сараево на почетокот на мај годинава, пред почетокот на двата главни турнири, Ронал Гарос и Вимблдон.

Популарниот Ноле сега е редовен гостин на Сараево, а пред се на Високо, чиј домаќин е Семир Османагиќ.

Ѓоковиќ претходно рече дека се чувствува како повторно роден во археолошкиот парк Равне 2 и дека доаѓањето во Високо го користи за надополнување на енергијата за следните спортски предизвици.

Тој пристигнува во Сараево по поразот во финалето на УС Опен од Данил Медведев со резултат 3 : 0.

Овој пат, Ѓоковиќ престојува во Сараево, во хотелот Пино натуре на Требевиќ, без сопругата Јелена, а со него се и неговите деца Стефан и Тара.

Познато е дека Ѓоковиќ во Сараево за одмор во природа секогаш го избира хотелот Пино натуре на Требевиќ, и ова е негов трет престој на оваа локација.

JELENI, OD NOVAKA I SEMIRA, S LJUBAVLJU, IZ VISOKOGIz Visokog su Novak Đoković i Dr Semir Osmanagić poslali poruke…

Posted by Bosanska piramida Sunca on Friday, September 17, 2021

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ од Високо, заедно со Семир Османагиќ, испратија поздрави до неговата сопруга Јелена, која поради приватните обврски не можеше да дојде во четвртата посета на Босна.