Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, е во БиХ во посета на археолошките места на босанските пирамиди и паркот „Равна 2“ во Високо.

Ненадејното пристигнување на првиот тенисер на светот го крена на нозе целото Сараево и регионот, затоа што не беше најавена посета, но Ѓоковиќ веќе имаше желба да ги посети босанските пирамиди. Откако дуелот со Џумхур беше откажан поради вирусот корона, Новак дојде во приватна посета.

Ѓоковиќ и др Семир Османагиќ, кој е негов домаќин во Високо и кој ги има откриено пирамидите, споделуваат слични погледи за медитација, корона вирусот и други работи, и нема сомнение дека имаат многу интересни теми за кои ќе разговараат, пишуваат медиумите во Босна.

Покрај тоа, познато е дека Ѓоковиќ има големо знаење и многу чита за сите можни начини за човек да го донесе своето тело во најдобар баланс, почнувајќи од диета, медитација, посети на места во природа кои имаат посебни позитивни вибрации.

Токму босанските пирамиди имаат многу лековити својства кои му помагаат на телото да се бори против сите болести и да биде во рамнотежа.

Тунелите под пирамидите имаат неверојатна моќ да го опорават организмот, особено по добиени или прележани болести.

Таа моќ доаѓа од електромагнетни бранови и негативни јони кои се наоѓаат во големи количини во тунелите на пирамидите.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *