Голем пожар изби вечерва во центарот на Струмица. Како што јавуваат локалните медиуми гори објектот на трговскиот центар Глобал.

Според информациите од Струмица, притив пожарните екипи се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот.

Од огнот се зафатени десетина продавници во Глобал и сега засега не може точно да се каже како се случи пожарот.

Пожарот ги вознемири Струмичани кои излегоа на лице место и сакаат да помогнат што е можно побрзо да се санира состојбата.