Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред малку на прес конференцијата, изјави дека се надева дека вакцината против вирусот корона, регистрирана во Русија, ќе биде ефикасна и ќе функционира.

По серијата западни напади против руската вакцина овој настап на Трамп како да најавува нови ветришта во однос на прифаќањето и откривањето на вакцината Спутник V.

Не знаеме многу за таа вакцина, рече Трамп. Се надеваме дека ќе биде ефикасна. Тие направија ( се мисли на Русите ) некои истражувања. Сметаме дека е многу важно да се помине целиот процес, рече Трамп на прес-конференција.

Тој додаде дека Соединетите држави „постигнале голем напредок“ кога станува збор за развој на својата вакцина против коронавирусот.

Треба да се потсетиме дека Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата коронавирусна инфекција ковид 19, која ја изработи научниот институт „Гамалеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко најави дека вакцината ќе се произведува на две места – во центарот „Гамалеја“ и во компанијата „Бинофарм“. Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека вакцината ги поминала сите потребни тестови и формирала стабилен имунитет.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *