Цените на акциите на светските берзи минатата недела нагло пораснаа, надоместувајќи ги сите загуби од претходната седмица, бидејќи инвеститорите очекуваат нови економски стимулации по претседателските избори во САД, пишува порталот SEEbiz.

На Вол Стрит, индексот Дау Џонс минатата недела порасна за 6,9 проценти, на 28.323 поени, додека С & П 500 скокна за 7,3 проценти на 3.509 поени, а индексот Насдак 9 проценти, на 11.895 поени.

Во фокусот на инвеститорите минатата недела беа претседателските избори во Соединетите држави, а цените на акциите нагло пораснаа, иако до крајот на работната недела не се знаеше дека ќе победи демократскиот предизвикувач Џо Бајден.