Лидерот на левиот центар и кандидат за германски канцелар, Олаф Шолц рече дека е воодушевен од резултатите на изборите.

Задоволен сум што граѓаните на оваа земја гласаа како што гласаа, рече тој и додаде: Гласачите сакаат идниот канцелар на оваа земја да биде Олаф Шолц.

Армин Лашет, кандидатот за канцелар на ЦДУ / ЦСУ, изрази јасно разочарување од проекциите за изборните резултати.

Сепак, тој рече дека очекува да биде клучна фигура во разговорите за формирање нова влада.

Очекувам да имаме разговори во нашата партија, рече тој, одбивајќи да коментира за својата политичка иднина.

Новите прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, кои ги објавија телевизиите АРД и ЗДФ во 22 часот, покажуваат дека предноста на СПД во однос на коалицијата ЦДУ / ЦСУ расте.

Пратеникот на СПД во Бундестагот Јосип Јуратовиќ вели дека СПД може да биде задоволен од резултатите.

Олаф Шолц е тој што ќе биде канцелар ако се оди според правилата. И Зелените и либералите се партии кои ќе бидат партнери или за СПД или ЦДУ, рече Јуратовиќ.

Тој смета дека голема коалиција, но овој пат црвено-црна, е најмалку можно решение.

ЦДУ беше водечка партија досега, а самата ЦДУ е во таков неред што би било катастрофално за нив. Јас воопшто не верувам во тоа. Мислам дека семафор коалиција е најреална во моментот. Тоа е коалицијата што повеќето граѓани ќе ја прифатат, рече Јуратовиќ.

Милиони Германци на денешните парламентарни избори гласаа за различна политичка партија отколку пред четири години, а владејачките конзервативци загубија најмногу гласачи.

Според анкетата спроведена од Инфратест, Институтот за истражување на јавното мислење, за телевизијата АРД, 1,4 милиони Германци им свртеле грб на конзервативците и се одлучиле за социјалдемократите, повеќето од нив се постари и жени.

Покрај тоа, околу 900.000 гласови на ЦДУ / ЦСУ и припаднаа на Партијата на зелените, а 340.000 на либералите, пренесува ntv.de. Покрај тоа, Зелените оваа година добија 470.000 гласови од Левица и 320.000 Социјалдемократи. Во исто време, 590.000 поранешни гласачи на Левица гласаа за социјалдемократите.