Причината за најсилниот земјотрес што ја погоди Петриња е во јадранската област, изјави хрватскиот сеизмолог Јосип Стипчевиќ.

Јадранската област е, всушност, мала тектонска плоча која некогаш беше дел од големата африканска плоча од која се одделуваше пред милиони години. Оваа наша мала плоча се нарекува Јадран и нејзиното движење и интеракција со Европа е причина за земјотресот во Хрватска, Италија, БиХ, Словенија и сите околни области, вели Стипчевиќ за Јутарњи лист.

Тој и неговите колеги од Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство го обиколуваат подрачјето на епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер што во вторникот ја погоди централна Хрватска.

Стипчевиќ за Јутарњи лист вели дека потресот со магнитуда од 6,2 степени според рихтеровата скала е најсилен забележан земјотрес во Хрватска уште од кога постојат сеизмографи, но исто така забележува дека ваквиот механизам за земјотрес е многу невообичаен за територијата на Хрватска.

Последниот силен земјотрес во таа област, патем, се случи во 1909 година, кога Покупље го потресе разорниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер.