Тензиите и немирите околу усвојувањето на Законот за безбедност продолжија во Париз. Демонстрантите ја запалија фасадата на централната банка.

Според властите во Париз, пожарот ја зафатил фасадата на Народната банка на Франција, како и блискиот киоск и пекара, па пожарникарите морале да интервенираат.

На протестите во Париз, кои започнаа мирно, но потоа се претворија во тричасовни немири, 47 лица беа приведени, додека 37 полицајци беа повредени, соопшти полицијата.

Низ целата земја имаше 70 протести во врска со контроверзниот закон за безбедност што би ограничил споделување на полициски снимки и фотографии за време на акциите.

Вкупно, над 130.000 луѓе учествуваа на демонстрациите низ целата земја, пренесува ТВ-каналот БФМ, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.

Околу 46.000 луѓе се собраа на улиците на главниот град на Франција.