Човекот кој му го нанесе првиот пораз на Мухамед Али е дел од скандалот на изборите во САД.

Поранешниот светски шампион Џо Фрејзер, според тврдењето на Руди Џулијани, е во центарот на вниманието. Иако почина пред девет години, неговиот глас сепак најде најде начин како да стигне до изборачките кутии.

Ако ова е вистина, а во моментов нема други опипливи докази освен зборовите на републиканскиот политичар, Фрејзер би станал само еден дел од сагата што трае од почетокот на претседателските избори во САД.

Џо Бајден го победи Доналд Трамп и ќе стане новиот претседател на САД, но неговата победа е проследена со бројни контроверзи. Пред се, станува збор за гласовите што пристигнаа по пошта, а кои во огромен процент беа за Бајден, но изборите беа обележани и со многу гласови на оние кои се починати.

Во таа група е и Фрејзер, кој почина во 2011 година, на 67-годишна возраст, откако му беше дијагностициран рак на црниот дроб.

Судејќи според фактот дека таквото шокантно тврдење го изнесе Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, кој е републиканец, гласот на eо Фрејзер најверојатно отиде на изборното конто на кандидатот на демократите, Џо Бајден.

Дополнителна конфузија се создава со фактот што републиканците тврдат дека гласот на Фрејзер е запишан во Филаделфија, која припаѓа на државата Пенсилванија, а популарниот боксер е регистриран како гласач во Њу Џерси.

Фрејзер освои златен медал на Олимписките игри во Токио во 1964 година, а подоцна стана светски шампион во професионален бокс. Тој е првиот човек кој го победил легендарниот Али, а кариерата ја заврши со резултат од 27 победи, четири порази и едно реми.