Сподели

Вакцина национализмот може да доведе до тоа короната дополнително да го уништи јавното здравство и економијата, предупредуваат експертите.

Аналитичарите од Eurasia Grup предвидуваат дека тензијата поради вакцината ќе се зголеми во текот на летото, а потоа тие предвидуваат борба за пристап до таа вакцина, што ќе трае до 2021 или 2022 година.

Истражувачката група тврди дека некои влади веќе се обидуваат да стекнат предност преку големи инвестиции.

Во САД, Агенцијата за развој на биомедицински истражувања (БАРДА) ги проширува своите инвестиции преку неколку кандидати за вакцини, во обид да ги намали финансиските ризици за фармацевтските компании и да склучи приоритетен пристап кон вакцината – велат авторите на оваа студија.

БАРДА има финансиски интереси во врска со вакцината и веќе инвестира во раните истражувања спроведени од француската компанија Санофи и британскиот „ГлакоСмит“.

САД исто така инвестираа една милијарда американски долари во потенцијална вакцина AstraZeneca, што ја развиваат научниците од универзитетот Оксфорд. Британско-шведскиот фармацевтски гигант има за цел да произведе две милијарди дози на вакцината, со цел до октомври оваа година да произведе 400 милиони дози вакцини за пазарот во САД и Велика Британија.

Вакцината AstraZeneca, исто така, доби повеќемилионски инвестиции од американската влада и 843 милиони американски долари од некои земји на ЕУ, кои обезбедија пристап до вакцината доколку се покаже како ефикасна.

Во меѓувреме, Националниот совет за истражување на канадската влада потпиша договор со кинеската компанија CanSino Biologics за производство на својата вакцина и за клинички испитувања во Канада.

Иан Голдин, професор по глобализација и поранешен потпретседател на Светската банка, исто така предупреди дека ќе има последици доколку земјите се обидат да ја претворат дистрибуцијата на вакцината во национално претпријатие.

Некоја конкуренција е здрава. Вие не сакате да го ставите целиот облог на една вакцина затоа што таа може да се покаже како неуспешна. Но, не би требало државите со најдлабоки џебови да можат да ги заштитат своите граѓани, а луѓето во сиромашните земји да умираат, рече тој.

Голдин рече дека неуспехот да се вакцинира глобалното население против „Ковид-19“ ќе има долгорочни економски последици.

Се додека има делови од светот кои страдаат од коронавирус, глобалната економија не може да закрепне“, објасни тој. – Сè додека е присутен некаде, вирусот може да мутира, може да се движи, а делови од светската економија ќе бидат уништени


Сподели