Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).

Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

Во првите песни на Блаже Конески среќаваме родољубиви мотиви како реакција на штотуку завршената Револуција.Тие песни се блиски до народот, татковината е реален поим, татковината живее во него и во секој наш човек, тој ја гледа, ја разбира и ја прифаќа, ја оживува нејзината историја, традиција, бит и ги поттикнува родољубивите чувства.Типична, во оваа смисла е антологиската песна „Тешкото“.