Google претстави апликација за разговор базирана на вештачка интелигенција

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, рече дека алатката за пребарување ќе овозможи одговорите на прашањата да ги надминат основните фактички информации.

Google и претстави на јавноста апликација за разговор базирана на вештачка интелигенција и планира да ја користи технологијата во пребарувачот, објавувајќи конкуренција со посочените планови на Microsoft за Bing, пренесува dpa.

Бард ќе биде достапен за јавноста за неколку недели, истакнаа од компанијата.

Вештачката интелигенција „наскоро“ ќе биде интегрирана во пребарувачот и ќе одговара на барањата за пребарување во писмена форма, со линкови до релевантни веб-страници, слики и видеа, објави Google.

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, рече дека алатката ќе му овозможи на Google да оди подалеку од основните фактички информации при одговарањето на прашања.

Одговори на ChatGPT

„Ботот ќе биде храбар и одговорен“, нагласи Пичаи, без да прецизира како компанијата има намера да го спречи потенцијално да произведува штетна или навредлива содржина.

Google’s Bard е одговор на успехот на ChatGPT развиен од OpenAI, со поддршка од милијарди долари од Microsoft. Нашироко се шпекулира дека ChatGPT наскоро може да се интегрира со пребарувачот Bing на Microsoft.

Некои корисници на Bing објавија дека забележале нов додаток на пребарувачот како четбот минатата недела .

Само неколку минути откако Google го претстави Бард, Мајкрософт најави прес-конференција, забележува dpa.