Горан Пандев објави дека ќе оди во
пензија: Еве кога ќе се повлече од фудбалот

Еден од најдобрите македонски фубалери на сите времиња одлучи дека 2021 година ќе биде последната година во неговата кариера.

Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев планира да се пензионира оваа година.

Пандев имаше успешна 2020 година откако со македонскиот национален тим го обезбеди првиот настап на Европското првенство во историјата.

Оваа година ќе наполнам 38 години и навистина верувам дека ова е последна сезона во мојата кариера. Прво да обезбедам опстанок во лигата со Џенова, а потоа со Македонија да го исполнам сонот да играм на Европското првенство во фудбал, а потоа да се повлечам – рече Пандев.

Во својата кариера, Горан Пандев играше за Лацио, Специја, Анкона, Интер, Наполи, Галатасарај, а во моментов е член на Џенова.

Најголемиот успех го постигна во 2010 година, кога со Интер ја освои триплетата: Серија А, Лига на шампионите и Купот на Италија.