Сергеј Горбок, 37-годишниот руски ракометар, во иднина нема да го носи дресот на Вардар. Левиот бек си заминува од Скопје, а вели дека со себе ќе носи убави спомени и дека во овој град запознал многу пријатели.

Русинот истакна голема благодарност до сите што биле дел од проектот Вардар, а испрати порака и до доскорешниот сопственик на тимот, Сергеј Самсоненко.

„Сакам да кажам дека сум благодарен за се што доживеав во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и до градот Скопје. Многу сум среќен што успеав да запознаам многу луѓе што станаа важен дел од мојот живот. И голема благодарност до Сергеј Самсоненко за најдобриот ракометен клуб во светот. Среќен сум што имав шанса да играм во овој клуб, полн со луѓе кои се прекрасни. Мојата порака до сите е – благодарам“, вели Горбок.

Со заминувањето на Горбок, се намалува бројката на руски ракометари кои ќе го носат „црвено-црниот“ дрес. Неизвесна е иднината на останатите, кои чекаат на финалниот состанок со Михајло Михајловски за да го дадат конечниот одговор дали и понатаму ќе останат дел од Вардар.


Напишете коментар