Воената техника на руско производство ја покажа својата моќ на воените вежби на алжирската армија, при што беа користени и најновите модели и примероци кои долго време беа во служба на копнените сили на таа земја, пренесува „rg.ru“.

Во вежбите беа вклучени оклопни возила БТР-60 ПБ, кои иако беа направени во 60-тите години на минатиот век, точно испукаа цели од нивните митралези КПВТ 14,5 милиметарски. Противвоздушни системи ЗСУ-23-4 „Šилка“ исто така ја покажаа својата моќ.

Главното оружје раководено со ракети беа системите „Корнет 3“, монтирани на автомобилите „Land Rover Defender“.