Засега нема извештаи за повредени патници.

Траект со скоро 200 патници се запали денеска во источна Индонезија, но засега нема извештаи дека има повредени во пожарот, соопштија официјалните лица.

Патниците и членовите на екипажот успеале да скокнат во морето, пренесе агенцијата АП.

Траектот Карија Индах беше на пат кон пристаништето Санана на оддалечениот остров Лимафатол кога избувна пожарот, изјави службеникот на Генералниот директорат за поморски сообраќај.

Пожарот избувна 15 минути по поаѓањето на траектот од провинцијата Северен Малуку, додаде тој и изјави дека сите 181 патник, вклучително и 22 деца, како и 14 членови на екипажот биле спасени и безбедно извлечени.

Властите ја испитуваат причината за инцидентот, а преживеаните соопштија дека пожарот започнал во машинскиот дел на траектот.

АП наведува дека несреќите со траекти се чести во Индонезија, земјата со најголем архипелаг во светот, која има повеќе од 17 000 острови.