По најавата на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека во петок најверојатно ќе биде воведен полициски час, незадоволните граѓани се собраа пред Собранието. Предводени од некои опозициски активисти, тие успеаја да влезат во Собранието околу 22 часот, полицијата ги отстрани, но тие сè уште не се откажуваат.

фото:Танјуг

Вучиќ на денешната прес-конференција објави дека забраната за собирање на повеќе од пет лица во затворено и на отворено ќе стапи на сила утре, и дека полицискиот час најверојатно ќе биде воведен во 18 часот во петок, но, како што рече, таа одлука треба да се потврди од кризниот штаб.

Не е јасно дали оваа мерка ќе важи за цела Србија или само за Белград.

Како што рече Вучиќ, на родителите со деца, сопствениците на кучиња и пензионерите ќе им биде дозволено да излегуваат надвор и за време на полицискиот час.

По завршувањето на прес конференцијата на претседателот на Србија, незадоволните граѓани се собраа пред Собранието. Предводени од некои активисти на опозицијата, тие успеаја да влезат во Собранието околу 22 часот, но полицијата ги отстрани.

Уредникот на КРИК, Стеван Дојчиновиќ се огласи на Твитер по повод вечерашниот протест. Тој оцени дека најголем дел на демонстрантите пред Националното собрание се десничари. Инаку КРИК важи за близок на политиката на Велика Британија во Србија.

Две полициски автомобили и една “марица” беа запалени вечерва за време на протестот пред црквата Свети Марко.

Демонстрантите постојано се во судир со полицијата, а пред Собранието на Србија солзавецот што полицијата го фрла кон најупорните групи тие го фрлаат назад кон полиција.

Како што рече директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, неколкумина припадници на српското Министерство за внатрешни работи се повредени во немирите пред српскиот парламент.

Демонстрантите запалија три полициски автомобили пред црквата Свети Марко. Меѓу повредените се двајца сниматели на Танјуг, полицији и граѓани.

Коњаницата на Министерството за внатрешни работи на Србија се појави пред Националното собрание.

Околу два часот утрово, полицијата успеа да ја „преземе контролата“ во Пионерскиот парк, од каде ги потиста демонстрантите, како и на плоштадот „Никола Пашиќ“.

Демонстрантите исто така беа истуркани од областа кај црквата Свети Марко, а платото пред Собранието на Србија е празно.


Напишете коментар