Голем проблем за Наполи, уште поголем за македонската фудбалска репрезентација. Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и нема да настапи ни против Јувентус во Серија А, ниту во клучниот дуел од Лигата на Нации против Косово.

Наполи на официјалната страница обелодени дека утрово повторно беа тестирани сите фудбалери, откако вчера позитивен беше Пјотр Зиелински. Ова со сигурност значи најмалку десетдневен карантин, па Елмас нема ни да допатува во Македонија за натпреварите на репрезентацијата во октомври. 

Малерот да биде уште поголем, Елмас е единствен позитивен од тестираните. Сите останатите утре патуваат за Торино и таму ќе бидат тестирани пред натпреварот против Јувентус.

Неизвесно е дали и на Пандев ќе му биде дозволена да го напушти градот и земјата и да допатува во Скопје. Селекторот Ангеловски го пролонгира објавувањето на списокот за натпреварите против Косово, Естонија и Грузија само заради последните информации од Италија.