Лидерот на ВМРО и довчерашен бугарски миниетер за одбрана бесно ја коментираше изјавата на рускиот претседател Владинир Путин за потеклото на слобвенската писменост.

Во интервјуто за Нова њуз, најновата изјава на Владимир Путин дека словенската азбука е создадена во македонските земји, Каракачанов коментираше дека ваквата изјава е знак на неписменост или злоба од страна на луѓето кои ги пишуваат говорите на рускиот претседател.

Не знам што го поттикна прогласувањето на персона нон грата од нашиот амбасадор во Русија, Бугарија сега треба да дејствува реципрочно и да го стори истото со рускиот амбасадор во нашата земја, што ќе предизвика дипломатски скандал, категоричен е Каракачанов

Тој смета дека кога некоја земја не покажува реципроцитет, тоа значи дека нема ‘рбет.

Што се однесува до прислушувањето на политичарите, поранешниот бугарски министер за одбрана инсистираше на тоа дека тие мора да бидат докажани, во спротивно тоа може да се претвори во изборен скандал.