Сподели

„Автобуското метро“ за кое е распишан огласот, би ја поминувало трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за 35 минути. 

Во него ќе има електронски систем за наплата, а лентата по која би се движело предвидено е да биде одвоена од останатите ленти на булеварите

Град Скопје денеска објави тендер за изработка на идеен проект за изградба на брз автобуски систем – БРТ (автобуско метро) за трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче. Крајниот рок за поднесување на понуди е 3 септември

Во објавените документи со огласот може да се види дека се предвидува и затворање на строгиот центар на градот за сообраќај, односно делот кај „Рекорд“ каде би поминувале само возилата од јавниот превоз.


Сподели