Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски е позитивен на Ковид-19 вирусот. Пекевски кој во текот на изминатите денови имал благи симптоми направил тест, чиј резултат утврдил присуство на Ковид-19 вирусот.

-Почитувани сограѓани, во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид 19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен. Ве известувам дека, како Општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом, истакна Пекевски.