Вакцинацијата против вирусот корона ќе биде бесплатна, рече градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Штом се појави, ќе започнеме со кампања за вакцинирање. Вакцинацијата ќе биде бесплатна. Сите амбулантни и клинички мрежи ќе работи на ова. Се разбира, оваа година е неопходно да се зајакне вакцинацијата против грипот, за да немаме две есенски епидемии – рече Собјанин за телевизијата Русија 1.

Градоначалникот на Москва рече дека поради зголемувањето на бројот на тестови, расте бројот на откриени случаи на заразени со вирусот корона, но и дека, се на се, состојбата се подобрува, пренесува Спутник.

Собјанин претходно изрази надеж дека вакцината ќе биде регистрирана во наредните недели.

После тоа, градските власти планираат да воспостават соработка со производителите, така што тие ќе ги испорачаат вакцините во потребните количини, додава Собјанин.

Во Русија најмалку 17 научни центри работат на вакцината против ковид 19.


Напишете коментар