Градоначалник за пример! Човек, лекар, хуманист кој на многу доктори-политичари, пратеници и функционери им покажува како вистински се сака својот народ!

Работам се што треба – и да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да прегледам“, вели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, волонтер на Инфективното одделение во прилепската болница. Тој е единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил. Секое утро во 7 часот во скафандер, под маска и визир се упатува кон Инфективното одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Таму волонтира до 10 часот, потоа заминува кон општината каде го чекаат многубројни обврски. Кога обврските во општината ќе завршат, повторно го облекува скафандерот. Се враќа во болницата во 19 часот, каде волонтира уште неколку часа. Следниот ден – ист распоред, иста маршрута, и иста желба – да им помогне на болните од Ковид -19, да им помогне на лекарите, мединските сестри, техничари… Волонтирањето продолжува и во деновите од викендот.

Мора да се помогне!

Вака, веќе 12 дена изгледа секојдневието на Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп, по професија лекар – специјалист ортопед. Кога на 11-ти ноември Јованоски најави дека ќе почне да волонтира, неговите сограѓани не беа изненадени, бидејќи во градот е познат лекар, хуманист, секогаш подготвен да помогне. Во разговор за ДВ, реномираниот ортопед објаснува кој бил пресудниот момент да „скрши нога“ и да се стави на располагање на Инфективното одделение во болницата.

Извор: mediagoco. co