Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска во Хрватска го прими францускиот претседател Емануел Макрон, што воедно преставува и прва официјална посета на француски претседател на Хрватска.

Бројни функционери од кабинетот на претседателот беа на самиот пречек, помеѓу кои и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.

За време на свечениот прием на францускиот претседател Макрон, градоначалникот на Загреб, Томашевиќ не се откажа од своите омилени патики. Тој беше облечен во црн костум, бела кошула и сина вратоврска, а на таа комбинација се одлучи да облече и црни патики.

За оваа комбинација на облека на првиот човек на Загреб прокоментираа многумина, а тој беше вистинска мета на критики низ социјалните мрежи, а корисниците на социјалната мрежа Твитер, го осудија дека со овој потег тој не покажал доволна почит кон претседателот на Франција.