На денешната седница на Комисијата за заразни болести било разгледувано прашањето за отворање на границите. Комисијата не дала зелено светло за отворање на границите. Според мислењето на Комисијата тоа прашање повторно ќе се разгледа во наредните денови.

Иако скоро сите соседни држави најавија отворање на своите граници Македонија се уште калкулира во врска со таквата одлука. Министерот Филипче изјави дека се уште се прават анализи и дека во следните неколку дена уште еднаш ќе се направи анализа на седница на Комисијата за заразни болести.
Инаку дел од соседните држави на Македонија најавија отворање на границите во периодот од 1 до 15 јуни.


Напишете коментар