Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла е уверен дека до крајот на 2021 година, светот ќе произведе повеќе дози на вакцини отколку што е потребно за борба против пандемијата на коронавирус.

Неговата изјава уследи откако Велика Британија вчера одобри вакцина за Фајзер и нивниот германски партнер за биотехнологија БиоНТех. Компаниите тврдат дека нивната вакцина е ефикасна 95 проценти.

Се чувствувам многу пријатно затоа што до крајот на 2021 година ќе имаме повеќе дози отколку што ни требаат, рече Бурла на виртуелната конференција во Атина.

Правиме се што можеме за да го зголемиме производниот капацитет. Треба да го зголемиме во следните неколку месеци, додаде тој.

Британската агенција за контрола на лекови и здравствени производи (МХРА) издаде одобрение за итна употреба на вакцината само 23 дена откако Фајзер ги објави резултатите од последната фаза на клиничкото испитување. Велика Британија ќе започне со вакцинирање следната недела. Регулаторите на САД и ЕУ ја тестираат иста вакцина, но сè уште не ја одобриле.

Мислам дека е важно да се користи вакцината како една алатка, рече тој, додавајќи дека таа несомнено ќе биде најефективна и издржлива алатка.

Времето да се вратиме во нормала не е далеку, но сигурно не е сега, додаде Бурла, Грк по националност.

Тој зборуваше на тркалезната маса на американско-грчката стопанска комора, на која присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Владите треба да се движат на многу стратешки начин и да ги слушаат своите експерти, заклучи Бурла.

И сега имаме интересна ситуација, на пазарот имаме руска вакцина, извршниот директор на Фајзер е Грк, а на чело БиоНтех се турски научници. Грчка, турска или руска вакцина ( условно речено ) за коронавирус: Што ќе одбере Македонија?