Грчката православна црква се побуни против наредбата на владата да ги затвори црквите една недела поради пандемијата на вирусот корона и им нареди на свештениците да ги пуштаат верниците во верските згради .

Грчката влада донесе одлука дека на една недела пред отворањето на училиштата, од 3 до 10 јануари, ќе стапат на сила построги ограничувања со цел да се потисне вирусот корона, што вклучува затворање на црквите за верниците.

Сепак, Светиот синод на влијателната грчка православна црква денес објави дека „не ги прифаќа“ новите ограничувања и дека ќе испрати протесно писмо до централно-десничарската влада.

Во него се вели дека по секоја цена ќе бидат отворени верските институции за време на празниците.