За време на разговорите во Атина со рускиот колега Сергеј Лавров, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, изрази загриженост заради негативната улога која Турција ја игра во Сирија и дека таа стана „туристичка агенција“ за милитантите.


Изразив загриженост за негативната улога што Турција ја игра во Сирија и ги поткопува постигнатите успеси.
Исто така, не загрижува фактот дека Турција стана туристичка агенција за џихадисти кои се испраќаат на различни фронтови, истакна грчкиот министер.


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја започна својата посета на Грција во понеделникот со средба со министерот за надворешни работи на земјата, Никос Дендиас.


Турција има за цел да ги ескалира тензиите во Источен Медитеран и да ги игнорира повиците за дијалог, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по разговорите со рускиот колега Сергеј Лавров во Атина.


Вчера Турција ја повтори својата волја да спроведе нелегални сеизмички истражувања во Источен Медитеран. Станува јасно дека Турција сака да ги ескалира тензиите и дека сите повици за дијалог се формални.


Турција секој ден докажува дека го крши меѓународното право и ги игнорира барањата на пријателите, нејзините зборови се лишени од каква било сигурност, рече Дендиас.