Продолжува потрагата по убијците на грчкиот новинар Јорго Караиваз, кој беше застрелан во петокот пред неговиот дом во Атина од непознати лица.

Премиерот Киријакос Мицотакис и нареди на грчката полиција брзо да го открие случајот. Мицотакис се состана со министерот за цивилна заштита, кој исто така раководи со полицијата, во врска со убиството на новинарот Јоргос Караиваз.

Министерот Хрисохоидис потврди дека високи експерти од Одделот за убиства го испитуваат случајот. По наредба на премиерот, откривањето на убијците на новинарот е приоритет за грчките власти.

Денес полицијата објави дека Јорго Караиваз бил застрелан со 10 истрели од пиштол со придушувач.

Работиме на неколку верзии. Досега, најверојатно е поврзано со истрагата на Караиваз за организиран криминал. Се верува дека убиството има за цел да покаже дека новинарите не се недопирливи, коментираат колегите на Караиваз.

Високи лидери на Европската унија изразија сочувство до премиерот Мицотакис и грчката унија на новинари.