Како ќе изгледа туристичката сезона, можеби најдобро е да се донесе заклучок врз основа на новите мерки кои што биле преземени и соопштени пред 24 часа од страна на грчкиот премиер.

Грција поради пандемијата е ‘заклучена’ од 23-ти март. Ригорозните мерки без сомнеж дале резултати во борбата со Ковид-19, но ја запреа туристичката индустрија која што во грчката економија придонесува 21 отсто.

„Грција сака да ги пречека туристите ова лето, но со одредени мерки за претпазливост“ – изјавил министерот за туризам Хари Теокарис.

Тој исто така потсетил дека во Грција заразени од Ковид-19 се 2.576 луѓе, а дека починале 139.

„Како ќе изгледа туристичката сезона, најдобро може да се донесе заклучок врз основа на соопштението од пред 24 часа од страна на грчкиот премиер кое покажува дека многу внимателно во наредните два месеци и постепено ќе попушта најстрогата забрана за движење воведена на 23-ти март“ – изајвил тој за „ТВ Прва“.

На прашањето кој ќе може да влезе во земјата и под кои услови, изјавиле дека засега нема сомнеж дека границите ќе бидат отворени.

„Најверојатно ќе биде забрането патување на островите до 1-ви јуни, а тие се с’рж на грчкиот туризам. Училиштата евентуално ќе бидат отворени на 1-ви јуни, средните училишта на 18-ти мај, а уште никој не кажал ништо за универзитетите. Од 1-ви јуни ќе се отворат и рестораните и кафулињата, и тоа само оние кои што имаат градини“ – објаснил амбасадорот.

Тој исто така објаснил дека задолжително ќе биде носењето маски надвор од дома, како и дека од денес ќе биде укината 24-часовната забрана за движење.

„И сите ќе мора да носат маски. Разговорите за мерките кога станува збор за туристите, сè уште се наоѓааат во втор план“ – нагласил амбасадорот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *