“Никогаш немаше да го добие Албанија својот сјај на вистински начин како што тоа го прави Грција ! Никогаш немаше да го осетат вистинскиот сезонски шмек доколку не ги затворевме границите . Остануваме да ги почитуваме препораките на надлежните и се надеваме дека конечно ќе завршат проблемите со оваа ситуација . Воедно им посакуваме на Албанија да испаднат од оваа туристичка се сезона без последици ”

За време на пандемијата предизвикана од Коронавирусот, кога ни е забранет пристапот до нашите омилени летни дестинации, многу луѓе почнаа да размислуваат за Албанија, како опција за одмор. Во исто време, самите Албанци признаваат дека им се потребни туристи од Балканот, па затоа треба да размислите за прекрасната обала, кадешто ќе можете да уживате исто колку во Црна Гора или Грција, па дури и со малку пониски цени.

Валона

Летното одморалиште на бреговите на Јонското Море е второто по големина пристаниште во Албанија. Покрај развојот во однос на туризмот, Валона е исто така, широко познат трговски центар.

Многу интересни ноќни клубови, барови и кафулиња ја прават Валона омилен летен центар за помладата популација. Плажите се малку подалеку од центарот, а најпозната е Нарти, но туристите често ја посетуваат и градската плажа.

Драч

Кога еден катастрофален земјотрес го погоди пристаништето Драч во Албанија кон крајот на минатата година, повеќе од 5.000 луѓе останаа без кров над главата. Имаше и жртви, цели станбени, но и некои сместувачки објекти беа целосно срушени.

Сосема е очекувано многумина да се прашуваа дали Драч ќе успее да се справи со толку многу штети, а потоа пристигна и одличната вест. Значителни средства беа собрани за време на Меѓународната конференција на донатори, што се одржа во Брисел. Затоа постои мислење дека ова летно одморалиште сепак ќе се опорави до почетокот на сезоната.

Морето во Драч е одлично за семејства со мали деца и не-пливачи, затоа што влезот во водата е претежно постепен. Плажите се посебна атракција во Драч, а  исто така е најголемото албанско пристаниште.

Саранда

Баш од спротива на островот Крф, се наоѓа ова популарно албанско одморалиште. Бројни предели и диви плажи, лимон и маслинови дрвја, над 300 сончеви денови во текот на годината, се сосема доволни причини за летен одмор во Саранда.

Во одморалиштето има бројни хотели од различни категории, но и ресторани и кафулиња и сè што ви треба за квалитетен одмор. Богатиот и квалитетен ноќен живот во ова летно одморалиште е особено ценет кај туристите.

Саранда е позната и по неверојатниот природен споменик. Таканареченото „Сино око“ е името на 18те карстни извори на вода, кои се наоѓаат на околу 25 километри оддалеченост од ова летно одморалиште.


Напишете коментар