Македонија им дозволува на српските државјани да транзитираат преку нашата територија на пат кон Грција, но задржувањето на српските туристи не може да биде подолго од пет часа.

Грција денес, во 23 часот по локално време, ќе ги отвори своите граници за туристите од Србија, но сите патници кои влегуваат во Грција, а кои ќе бидат оценети како сомнителни, ќе бидат приведени и однесени на брз тест за коровирус. Според грчките власти, сè додека не бидат подготвени резултатите од тестот, туристите ќе бидат ставени во карантин. Во најдобар случај, резултатот ќе се чека за еден ден. Во случај тестот да покаже дека туристот има корона, нема повеќе летен одмор за него. Тој ќе помине во изолација 14 дена

Дека ситуацијата воопшто не е наивна, потврдува фактот дека Грците подготвиле цели хотели во кои ќе бидат сместени туристи заразени со корона, како и бројни рестриктивни мерки за плажите и сместувањето, па дури и казни од 150 евра за не носење маска во затворени простории.

Македонија денес по полноќ ја отвори границата за српските државјани, но само за транзит кој трае максимум пет часа. Само преминот Прешево-Табановце е отворен за туристи од Србија, а преминот Богородица – Евзони е на границата со Грција. За време на транзитот, туристите не смеат да го напуштат автопатот. Тие на влез во Македонија ќе потпишат писмена изјава, а потоа ќе ја предадат на граничната полиција кога ќе ја напуштат земјата. На тој начин, полицијата ќе има точно увид во тоа колку време поминале во нашата земја. Доколку патниците ги нарушат дозволените пет часа транзит низ Македонија, полицијата веднаш ќе ги однесе во двонеделен карантина за кршење на прописите.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *