Грција ќе продолжи да ја проширува оградата на северната граница со Турција, која беше поставена во 2012 година со цел да се спречи нелегалното влегување на мигрантите.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Петас рече дека грчките власти ја донеле одлуката оваа година, откако десетици илјади мигранти се обидоа да влезат во земјата кон крајот на февруари, кога Анкара рече дека нема повеќе да ги спречува да го сторат тоа.

Грција, која има бројни несогласувања со соседна Турција, е порта за Европа за многу мигранти кои бегаат од војна и сиромаштија од Блискиот исток и другите земји. Во периодот меѓу 2015 и 2016 година преку Грција минале над еден милион мигранти.

Оградата од бетон и бодликава жица ја подигнуваат четири грчки градежни компании, а за осум месеци се очекува завршување на проектот вреден 63 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Оградата долга 12,5 километри е подигната пред осум години со цел да се спречи нелегалното влегување на мигрантите во земјата, а истата ќе биде проширена во оние делови што ги утврдија полицијата и армијата, објави Петсас без дополнителни објаснувања.

Портпарол на грчката влада во март изјави дека оградата ќе биде долга 40 километри по завршувањето на проектот.

Тензиите меѓу Грција и Турција неодамна ескалираа заради изворите на нафта и гас во регионот на Источен Медитеран.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *