Сподели

Д-р Никос Сипсас, инфектолог и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Атина, се осврна на можноста за втор бран на коронавирус и мерките што мора да се применат во Грција со постепеното отворање на земјата кон туризмот.

Во телевизиско интервју, специјалист за заразни болести и професор на Универзитетот во Атина истакна дека мерките што сега се спроведуваат во Грција не се спроведуваат со ист ентузијазам како во март и април.

Гледајќи ги возрасните групи, токму младите се тие што отстапуваат од нивната примена, поради што треба кај нив да се засили вниманието, особено во текот нс летото..

Фактот дека бројот на потврдени случаи во Грција е многу помал отколку во другите земји во светот, го објаснува фактот дека пандемиите се природни појави кои следуваат во циклуси. Кај нас помина „невремето“, но може да се врати. Вирусот сè уште постои во заедницата – истакна Сипсас во интервју за „Мега“, додавајќи дека вториот бран се очекува во ноември или декември.

Огромното мнозинство на туристи се асимптоматски случаи. Нивното расејување на земја е голем проблем – рече тој, додавајќи дека однесувањето на младите треба подобро да се контролира, но треба да се тестираат и повеќе туристи.


Сподели