Одлуката на грчките власти да ги затворат границите за туристите од Србија ги шокираше жителите на нашиот северен сосед.

Се чини дека Грците, кои во моментот бележат едноцифрен број на луѓе кои се заразени од коронавирус на дневна основа, сакаат да дејствуваат превентивно, бидејќи тие најчесто бележат „увезени случаи“.

Во последните 24 часа се регистрирани само 9 нови случаи, но 7 се увезени. Ова се примероци на туристи кои биле тестирани при влегувањето во земјата. Според Прототема, еден случај е регистриран на подрачјето Ксанти, а еден во Костур.

Од почетокот на епидемијата, во оваа земја се регистрирани 3.519 случаи на инфекција, а животот го загубија 192 лица.

Инаку, грчката влада официјално ја објави одлуката за прекин на приемот на српските туристи во таа земја. Забраната за влез ќе важи од денес од 6 часот наутро до 15 јули.

Врз основа на анализата на епидемиолошките податоци, беше решено да се прекине пристапот на српските граѓани во Грција од сите влезни места без исклучок. Забраната ќе стапи во сила денес, понеделник во 6 часот наутро и ќе трае до 15 јули – рече заменик-портпаролот на грчката влада, Аристотел Пелони.

Српските туристи кои веќе се во Грција ќе можат да ги завршат своите аранжмани според планираното и да се вратат дома нормално.


Напишете коментар