Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на трети земји до 14 декември поради пандемијата на коронавирус.

Одлуката на грчката влада да им забрани на граѓаните на трети земји, освен земјите од ЕУ и Шенген зоната, да влезат во Грција со цел да се намали ширењето на коронавирус, е продолжена до 14 декември.

За туристите и странските државјани за кои нема забрана, влезот на грчка територија е овозможен само преку Бугарија, односно преку грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата, со негативен тест на Ковид-19 не постар од 72 часа.

Другите гранични премини, како што се Какавија со Албанија, Евзони со Македонија и Кипија со Турција, остануваат отворени само за одредена категорија и исто така со негативен ПЦР-тест.