Продолжување на работата на градинките и основните училишта е планирано или за 8 или 11 јануари, проследено со подоцнежен датум за враќање на постарите ученици на настава во Грција, објави „Катимерини“.

Конечната одлука на грчките власти се очекува на почетокот на следната недела. За ова прашање дискутираа членовите на владиниот комитет на здравствени експерти и министерот за образование Ники Керамеус.

Според владиниот портпарол Стелиос Пезас, Министерството бара повторно да ги отвори сите нивоа на образование на 8-ми јануари, ако дозволат епидемиолошките состојби.