46,3 степени, највисока температура во историјата на Грција.

Грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида забележа највисока температура во историјата на земјата.

Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер.

Оваа температура, освен во Грција, беше највисока во Европа во понеделникот.

Поради високите температури, Грција е погодена од серија големи пожари.

Грчките пожарникари не успеаја да го локализираат џиновскиот пожар што се приближи до северните предградија на Атина.

Пожарот ги зафати населените места Варибоби и Ахарнес, поради што илјадници жители се во бегство, пренесува Индекс.хр

Веднаш напуштете ги своите куќи, ги повика жителите градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, преку државната телевизија.

Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина. Жителите на погодените села во паника ги напуштија своите домови.

Бегаме од пеколот, му довикна на телевизискиот репортер еден жител на неговиот автомобил..

Пожарот брзо се прошири од блиските шуми во населени места, рече гувернерот на регионот Јоргос Патулис, повикувајќи ги сите жители веднаш да ја напуштат областа.