Во Грција, од денес, задолжително е да се носат маски во продавниците за да се заштитите од коронавирусот, јавува новинската агенција АНА.

Одлуката за носење заштитни маски во продавниците е донесена вчера, а таа ќе стапи на сила денес.

Според последните податоци, во Грција, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај нешто помалку од 4.000 лица, додека скоро 200 пациенти починале како резултат на инфекцијата.


Напишете коментар