Нови чекори кон нормалноста во Грција, од денес се отворани ресторани на отворено и продолжување на вечерниот час на граѓаните до 23 часот. Продавниците, кои беа затворени шест месеци, забрзано се подготвуваат за денешната премиера.

Рестораните ќе бидат отворени од денес од 5:00 до 22:45 часот, без музика и само на отворено. Задолжително е да се стави средство за дезинфекција на секоја маса.

За персоналот е задолжително самотестирање и употреба на маска. Дозволени се до шест лица на маса.

Сите излегувања на граѓаните ќе продолжат да се прават со испраќање на СМС-порака на бројот 13033. Кодот 6 ќе се користи за ресторани и кафулиња.

На вториот ден од Велигден, грчката црква го слави празникот Свети Ѓорѓи, а повеќето ресторани веќе се резервирани главно од тие кои денес слават именден.