Основните училишта, забавиштата и градинките во Грција од понеделник до 30 ноември ќе бидат затворени, а учениците наставата ќе ја следат онлајн (во попладневните часови) и преку едукативната програма на грчката национална телевизија

Одлуката на грчката Влада, која претпладнево ја соопштија надлежните министри на вонредна прес-конференција во Министерството за здравство на Грција, доаѓа по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните.

– Предност има јавното здравје, основните училишта беа последното нешто што сакавме да се затвори и ова, само по себе е порака до сите за тоа колку е сериозна ситуацијата, рече Кикиљас.