Изминатите денови ни се јавија група вработени во АД Алкалоид Скопје кои беа видно загрижени за своето здравје. Според нивното кажување во последните десетина дена е зголем бројот на заразени лица од ковид-19 во оваа реномирана компанија.

Според нивното кажување минатиот вторник се јавил првиот случај на заразен од ковид-19. Тој, според нивното кажување, бил вработен во производствениот дел на компанијата, односно во т.н. Производство цврсти форми. Тоа е составено од три дела: Таблетно одделение ( производство на таблети ), конфекција ( пакување на таблети ) и ампулно оддление ( производство на ампули и масти ).

По направените теститрања, кај првиот вработен со сиптоми, било потврдено дека е позитивен на ковид-19, исто така позитивна била и неговата сопруга и уште двајца вработени во Цврсти форми. Повеќето од заразените се вработени во Таблетно и во Конфекција.

Заразените биле испратени на тестирање во Систина, а имало и дел од вработените кои биле тестирани во Велес. Во последните неколку дена дневно имало повеќе вработени со симптоми и тие биле веднаш испраќани на тестирање.

Само во четвртокот од пет кои биле тестирани сите биле позитивни на ковид-19. Вчера исто така биле пет тестирани и досега е еден од нив позитивен. Вработените се исплашени бидејќи сметаат дека бројот на заразени е поголем од десет вработени во Црврсти форми, дека се тоа нивни колеги и колешки со кои се секој ден во комуникација и дека лесно може да се случи и тие да бидат заразени. Тие се плашат од можноста да се појави кластер Алкалоид!?

Вработените кои ни се јавија располагаат и со бројки и информации за луѓето кои биле испратени на тестирање, за тоа колку се заразени, колку од вработените се испратени во изолација итн. Бројката не е занемарлива. Посебно што станува збор за компанија која е столбот на македонскиот здравствен систем и што заразените се во делот на производство на лекови.

Ние со обративме до ресорниот министер за здравство, д-р Венко Филипче со прашањето дали е на повидок кластер Алкалоид? Министерот Филипче ни одговори дека не знае ништо за тоа и дека прв слуша од нас. Но ако е таква состојбата тогаш кон Алкалоид ќе се однесуваат како и кон сите други компании!?

Во АД Алкалоид ја негираат можноста да биде формиран ковид кластер Алкалоид. Во дописот кој ни беше испратен од оваа компанија како одговор на нашето прашање ни одговорија:

Во однос на досегашните регистрирани позитивни случаи во рамките на нашата компанија, согласно епидемиолошките анкети, како примарен извор на инфекцијата се констатирани надворешни контакти, што само по себе исклучува формирање на кластер во рамките на една организациона единица. Сите позитивни случаи се праќаат во домашна изолација под надзор, со Решенија издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Нивните примарни контакти од работното место веднаш се изолираат, задолжително се тестираат и тие остануваат во домашна изолација уште 14 дена од последниот ризичен контакт. По истекот на овој период, пред враќање на работа, за истите вработени се организираат контролни тестирања и покрај тоа што контролните тестови не се задолжителни согласно препораките на Комисијата за заразни болести од август 2020 година. Само со негативен резултат од тестот за ковид-19 вработените кои биле во контакт соз заболен ќе може да се вратат на работа, се вели во одговорот на АД Алкалоид.

За жал во одговорот не добивме појаснување на бројката на заразени во производството на оваа компанија, за бројот на вработени кои биле во контакт со нив, за тоа колкумина мора или се испратени во изолација. Вработените не информираат дека по нашето обраќање до Алкалоид нивните шефови биле видно вознемирени и имале по 15-минутни состаноци со вработените.

Се надеваме дека целата работа ќе заврши во најдобар ред и дека нема да дојде до формирање кластер Алкалоид!?