Два дена по парламентарните избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во интервјуто за Њузмакс Адриа го обвини српскиот претседател, Александар Вучиќ, за мешање во внатрешните работи на Црна Гора.

Мило Ѓукановиќ остро го нападна Александар Вучиќ дека создава големосрпски триаголник, Белград-Бања Лука-Подгорица.

Со поддршката што тој ја даваа на српскиот национализам во Црна Гора и со примањето на сите политички актери на таа опција, претседателот Вучиќ и сегашната државна политика на Србија покажаа дека сакаат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји, како и дека сакаат да ја ревитализираат политиката на великосрпскиот национализам во Црна Гора, вели Ѓукановиќ.

И едното и другото се многу штетни и опасни. Во моите јавни настапи, предупредував дека не е одговорно да се игра со духот од шишето. Бев сведок на тоа во 90-тите години на минатиот век, кога тој дух се ослободи и создаде омраза. Да создавате од Црна Гора и од Црногорците непријателите тоа е израз на неодговорност, но воедно тоа е обид за обновување на ретроградната политика на Белград како можност да се ревитализира и конечно да се реши српското прашање во регионот, по желба на Белград, вели тој.

Официјалната политика на Белград, тоа веројатно и на слепите им е јасно, е обид преку смената на власта да се создаде атмосфера во која Црна Гора би станала дел од планираниот српски свет во триаголникот меѓу Белград, Бања Лука и Подгорица – објасни Ѓукановиќ.

Според Ѓукановиќ, актуелната политика на Србија и Вучиќ има две проблематични намери.

Тие сакаат да се мешаат во внатрешната политика на другите земји, а другата е да се обидат да ја релативизираат политиката на големосрпскиот национализам во регионот.


One thought on “Ѓукановиќ со тешки обвинувања за Вучиќ: Се меша во внатрешната политика на сите соседни држави!?”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *