Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, манипулирани и потоа објавени на Интернет, јави ДПА.

Документите вклучуваат доверливи е-маили датирани од ноември, во кои се прават проценки за вакцините. Некои од е-маилите се злоупотребени од крадци за да се наруши кредибилитетот на вакцините, соопшти агенцијата.

Во декември, компјутерски криминалци упаднаа во компјутерскиот систем на агенцијата и добија документи кои им припаѓаат на производителите на вакцини Pfizer и Biontech.

Не е јасно каде се објавени документите на Агенцијата за лекови. Идентитетот и мотивите на хакерите исто така остануваат нејасни. Истрагата е во тек.

Агенцијата ги проценува вакцините и лековите пред да ги препорача на Европската унија за одобрување.