Младиот норвешки фудбалски напаѓач, Ерлинг Халанд се одмора во родната Норвешка, а на социјалните мрежи споделува интересни фотографии.

Освен што сече дрва со татко му во шумата, тој орал во низа со трактор.

Навикнати сме да ги гледаме скапите фудбалски ѕвезди како одмораат на егзотични патувања, но по се изгледа Норвежанецот е поинаков.

Тргна од Молде, играше брилијантно во Салцбург, па направи трансфер во Борусија Дортмунд. Зимоска стана „милионер“ и во Бундеслигата постигна 13 гола.

Борусија го купи за само 20 милиони евра, а проценет е на 150 милиони евра.

По се изгледа милионите не му удрија во глава на Халанд кој во сезоната зад нас на 40 меча постигна 44 гола, во дресовите на Салцбург и Борусија (Д).

View this post on Instagram

working 🥔

A post shared by Erling Braut Haaland (@erling.haaland) on


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *