Командантите беа убиени во жестокото бомбардирање на појасот Газа.

Израелската армија ги објави имињата на убиените команданти на Хамас. Тие беа убиени во ракетни напади од Израел на Појасот Газа.

Претходно беше речено дека израелските воздухопловни сили, во соработка со Шин Бет, ги лоцирале и ликвидирале палестинските воени лидери на Хамас. Хамас подоцна ја потврди оваа информација, која на крајот ја потврдија и израелските сили.

Убиените команданти беа идентификувани како: Басем Иса, командант на градската бригада Хамас во Газа. Џама Тахла, шеф на сајбер командата и одговорен за подобрување на точноста на ракетите на групата.

Џамал Забеда, раководител на истражувања и специјални проекти во одделот за производство на муниција. Хазем Хатиб, главен инженер на Хамас во одделот за муниција. Сами Радван, шеф на одделот за техничко разузнавање на Хамас. Валид Смали, одговорен за индустриска опрема во одделот за оружје на Хамас.

Покрај тоа, беа убиени уште 10 оперативци од одделот на Хамас за производство и истражување и развој на оружје, се вели во соопштението на Шин Бет.

Некои од убиените команданти, наводно, биле блиски до Мухамед Даиф, водачот на военото крило Хамас пд бригадите Из ад-Дин ал-Касам.