Многу видеа исчезнаа, а државните медиуми не известуваа за хаосот, велејќи дека околу 16 000 луѓе биле тестирани преку ноќ.

Голем број позитивни тестови на аеродромот Пудонг во Шангај предизвикаа масовно тестирање на илјадници луѓе. Властите побараа целиот персонал да дојде на тестирање во недела. Иако официјалните фотографии објавени за време на тестирањето покажаа дека сè оди во најдобар ред, видеата на социјалните мрежи кои започнаа да кружат покажаа каков хаос се појавил. Можеше да се забележи дека полицајците во заштитни одела се дерат кон народот и ги присилуваат да бидат во ограничен простор каде што се спроведуваше тестирањето.

Шангај пријави најмалку седум случаи поврзани со локалниот аеродром од 9 ноември, откако 5 месеци немаа нови инфекции. Масовното тестирање е една од алатките што кинеската влада ја користи за следење на ковид-19 – затоа во мај тестираше 11 милиони жители на Вухан, градот каде што за прв пат беше идентификуван коронавирус.