Обилните врнежи од снег продолжуваат да опфаќаат големи области на северна и североисточна Јапонија, создавајќи неповолни услови за возење, пренесува РТ.

Видеа и сликите објавени од националната телевизија покажуваат колкава е штетата. Луѓето се зааглавени и чекаат цел ден .

Спасувачките екипи работат на ослободување на 200 патници заробени во нивните возила, додека некои тврдат дека видливоста на патот е близу до нула.

Јапонските метеоролози предвидуваат продолжување на катастрофите во регионите Хокурику, Тохоку и Хокаидо, каде снежната покривка ќе биде до 50 сантиметри.