Демонстрантите влегоа во американскиот Сенат, кој е под опсада, а на социјалните мрежи се појавија снимки и слики на кои се гледаат извадени и вперени пиштоли.

Си-Ен-Ен јавува дека една жена е погодена во градите и е во сериозна состојба, но деталите не се објавени.

На мрежите се појави видео од вооружени полицајци кои носат жена на носилка.

Голем број на полицајци се упатија кон СЕНАТОТ и велат дека ова не се случло во историјата на Америка .

Еден од новинарите претходно изјави дека еден од демонстрантите пукал, додека полицаецот поставувал барикада, пренесува британски Гардијан.

Медиумите јавуваат дека полицијата поставила барикади на влезот во Конгресната сала, додека имало демонстранти пред вратата.

Стотици приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп пробија метални барикади околу Капитол во Вашингтон, минувајќи покрај обезбедувањето и рушејќи огради.

Полицијата соопшти дека околу 10 лица биле уапсени, а две згради биле евакуирани, вклучително и Библиотеката на Конгресот.

Претходно денес, Трамп се појави пред илјадници приврзаници во Вашингтон и сè уште не ги признава изборните резултати и победата на Џо Бајден.