Три ракети беа истрелани кон американската амбасада во Багдад.

Не е познато дали има повредени, но потврдено е дека е нанесена материјална штета и уништени се неколку возила на паркингот во амбасадата, јави АП изјавата на службеникот кој побарал анонимност.

Американската амбасада одговори со активирање на одбранбениот противракетен систем Ц-РАМ, кој беше поставен ова лето со цел да се одбијат се почестите обиди за ракета на американската дипломатска мисија во главниот град на Ирак.